Зошто првиот впечаток е најважен за популарноста на видео играта

Без разлика дали тоа ни се допаѓа или не, сите ние ги оценуваме настаните според првите впечатоци. Една видео статија ме доубеди дека ова е точно и за видео игрите.

Во првите десет минути на секој игра се запознаваме со повеќе работи отколку што на прв поглед можеме да забележиме. Најпрво, тука е логото но производителот, но и воведното видео и музика кое не внесува во приказната. Со почетокот на играњето се запознаваме и со еден од клучните делови на видео игрите корисничкиот интерфејс. Без разлика колку е добра графиката, музиката, приказната во играта, ниеден од деловите кој ја дефинираат естетиката на играта не може да замени или подобри трапаво направен кориснички интерфејс. Неинтуитивен и комплициран интерфејс значително ја намалуваат забавата при играњето и во екстремни случаи можат да бидат „deal-breaker“ за вашето играње.

Една од грешките на кои се сеќавам, е во желбата дизајнерите да направат што пореална игра намерно ја изоставиле мапата. И покрај тоа што можеби има доза авантуризам да истражувате различни патиша да се качите на врвот на некоја планина во видео игра, снаоѓањето во простор во игри кој не се шутери треба да биде минимално. Покрај корисничкиот интерфејс за прв пат ја гледаме и естетиката на играта (графика, звук и слично).

Од страна на приказната во првите десетина минути се важни и за тоа дали играчот ќе успее да се поистовети со главниот карактер. Вообичаено тука е и делот од приказната кој го означува моментот од кој нема враќање, првиот влез во катакомбите во Diablo или предавството на Saren во Mass Effect.

Неколку издавачи на видео игри прават навистина одлични почетоци на видео игри, а еве и некои од незаборавните почетоци.

  • Diablo I – најголемиот дел од приказната во оваа игра го гледаме во првите минути на играњето. Херојот влегува во наизглед мирното село Тристам и во кратки разговори со населението дознавате за злото кое живее под катедралата. Откако ќе влезете во катедралата приказната скоро прекинува, со исклучок на незадолжителните мисии.
  • [youtube]w44SmMFy5Dc[/youtube]

  • Baldur’s Gate – Ова е една од првите игри на BioWare, и минатиот месец дизајнерите на видео игри ја изгласаа за нивна омилена игра. На почетокот вашиот карактер живее безбедно сокриен зад ѕидовите на замокот. Во епилогот карактерот ви е втурнат од целосна безбедност до опасности и авантури.
  • [youtube]RjIRio_Bvag[/youtube]

  • GTA San Andreas – Можеби останатите делови на серијалот и не блескаат во воведот, ама San Andreas од самиот почеток ве зграпчува и не ве пушта. Од фантастичните актери кој го позајмуваат својот глас до одличната почетна приказна која го турка вашиот штотуку излезен затвореник повторно во криминал, San Andreas има еден од нјадобрите почетоци на видео игра.
  • [youtube]OpTizzox2Qo[/youtube]

  • И секако, Call of Duty 4: Modern Warfare – Во оваа игра првиот впечаток е свет во хаос и убиство на главен лик. Типично за Call of Duty серијалот е често да се почне од одредена точка на приказната, за потоа во почетните нивоа играчот да биде вратен во времето и повторно и подобро да ја преживее играта.

[youtube]s-DTrLN0ZiU[/youtube]

3 коментари на “Зошто првиот впечаток е најважен за популарноста на видео играта

  1. Ептен ги погоди игрите(без сарказам). Посебно Диабло, која што не ни знаат дека постои голем број гејмери(во Македонија), а пак Сан Андреас е најпотценет дел од ГТА, кој што според мене е најдобар од цел серијал.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии