Зошто не треба да крадете од хакер

По лондонските немири каде се крадеше на големо од продавници и од домови, тешко е да се поверува дека полицијата ќе најде украден лаптоп посебно што по лондонските улици имаше стотина случајни крадци. Во тие немири, oд домот на Грег Мартин му го украдоа MacBook Pro лаптопот. Но, за несреќа на овој крадец, г. Мартин не е секојдневен корисник, туку е поранешен вработен во FBI и NASA и е ИТ специјалист во компјутерска безбедност. Според целото негово искуство, ова звучи како да е украден лаптоп од Џејмс Бонд.

Тој на неговиот блог InfoSecurity 2.0 oбјаснува дека на лаптопот имал инсталирано Prey, софтвер со отворен код следење за постојано следење на лаптопот и телефонот во случај да биде изгубен или украден.

Откако по два дена софтверот го лоцирал крадецот, „следното нешто што направив е да купам цигари и да отрчам назад во хотелот за игрите да почнат… ја зголемив фреквенцијата на која ги добивав извештаите до еден на секои пет минути за да се обидам да добијат слика од него додека користи gmail или facebook за да му го видам името и неговите логин податоци.

Откако го гледав како два часа сурва религиозни видеа, разгледува да купи Mercedes класа A на autotrader, тој конечно се појави на Facebook!“

Од тука г. Мартин, покрај сликата од крадецот сликана со камерата на Macbook Pro преку Pray, ги собрал информациите за неговата IP адреса, домашна адреса, Facebook страна, име и презиме и каде оди на училиште.

Со сите тие информации било потребно само да им ги предаде на полицијата за таа да се појави пред вратата на крадецот и да го врати лаптопот на правиот сопственик.

#WIN

2 коментари на “Зошто не треба да крадете од хакер

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии