„Не велам дека други не треба да се префрлат на македонски кориснички интерфејс. Велам дека мене не ми одговара од барем две причини: а) ќе треба да ги „учам“ повторно командите кои веќе ги знам, и б) преводот не е (и веројатно никогаш нема да е) доволно прецизен за да го пренесе значењето на командите.“, вели блогерот GoodBytes во коментар оставен на претходен текст на It.com.mk.

Покрај „ќе треба да ги учам повторно командите“ коментарот, за кој се сложувам бидејќи македонскиот ме збунува малку поради долгогодишна навика да работам со софтвер на англиски, GoodBytes како голем проблем го наведува и користењето на лошо преведените термини, односно ИТ термини кои немаат такво значење какво што има опцијата.

Mинистерството за информатичко општество објави еден ИТ поимник но тој не помина баш најдобро бидејќи фалат зборови и беа нејасни. Но, настрана долгогодишните ИТ корисници кои можат лесно да се снајдат со англиските поими дури и да не знаат што значат, сепак ја разбираат опцијата. Што станува со почетниците, корисниците кои не разбираат англиски?

„Сме се согласиле со доста и јазичари и информатичари е дека треба да постои локализација (со ИТ-речник) односно транскрипција (со лингвистички речник), а не превод. Ова сметам дека е потребно, пред сè, за употреба во контексти што не се строго стручни (каде што и оригиналот не пречи), но и за помалку упатени и нови корисници.“, вели Бисерка Велковска-Блажева, новинар на Нова Македонија и автор на lektromk.blogspot.mk блогот кој се бави со правилно користење на македонскиот јазик.

Бисерка посочува на својот претходен пост „‘Џиџе’ за една употреба“ каде објаснува зошто информатичката терминологија е специфична и како да се справиме со неа:

„Зборовите што се вклучени [во ИТ поимникот на МИО] не се толкувани на ист начин – некои се преведени (folder = папка, desktop = работна површина), а некои се описно објаснети (online = вклучен на линија, offline = исклучен од линија). Принципот на толкување во еден речник треба да биде ист, одреден со методологијата Во спротивно се создава забуна – дали авторите сакаат да ни кажат да употребуваме исклучен од линија и вклучен на линија? Или само објаснуваат што значат термините? Ако сепак првото им е целта, тогаш длабоко загазуваат во пуризам што е тешко прифатлив и за јазичарите и за зборувачите. Едноставно овие зборови треба да се прифатат како неологизми.“

Факт е дека треба да имаме корисен, и пред се, функционален ИТ лексикон на македонски јазик со кој ќе може полесно и побрзо да се преведува софтверот, не само за да се помогне на корисниците-почетници и тие што не знаат англиски добро, туку и да се искористи истиот да се воведат нови зборови во македонскиот термин. Прашањето е само – како да добиеме таков pro ИТ лексикон?.

[poll id=”17″]

7 коментари на “Зошто не користите софтвер на македонски јазик?

  1. Јас користам Firefox на македонски, и многу пријатели се чудат на мојата одлука но сепак мене ми е поинтересно. Исто така и менито на мобилниот телефон го користам на македонски, но windows-от се уште ми е на англиски и така ќе остане и во иднина.

  2. ЦЦЦ… како може да закачиш волку глупав коментар ? !!!
    пријателе, пред да коментираш на постов имаш да одбереш неколку опции:
    Да се најавиш преку Intensedebate, WordPress, Facebook, Twitter …. или да бидеш анонимен. Значи ако одбереш да коментираш со facebook ID неможеш да плачеш дека ти не си дал дозвола некој да ти ја објави профил-сликата зашто едноставно сам си одбрал така.

    1. nevidliv мислеше на Facebook луѓето кои беа на првата слика, не на коментарите. Таа слика е сменета, so take a chill pill Crimes! :P

    1. Пааа, видливи се за било кој логиран на Facebook што ќе го отвори It.com.mk ѕидот. Но, во ред ќе ја сменам сликата. tnx :)

  3. Неможам да им го простам „Миленици“ за Favorites (наместо Омилени според мене) или пак Волшебник за Мрежно соседство!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии