Зошто не би требало да ја пропуштите најновата распродажба на Steam?

Steam Lunar New Year Sale е активна веќе неколку денови. Распродажбата се разликува од сите претходни затоа што не само што ги намалува цените на значително поголем број игри, туку и крие неколку пријатни активности за поголема инволвираност од посетителите.

Уникатното одбележување на Кинеската Нова Година ќе трае до 12 февруари. На сите корисници, Steam подарува дигитална валута во форма на токени. Соберете доволен број токени, и ќе можете да си купите еден вид ваучер од пет евра, како и козметички вредности за вашиот профил, или при социјализација со останатите корисници на Steam. Во зависност од тоа колку сте претходно купувале игри од Steam, толку и токени ќе добиете. Дополнително, за секое идно потрошено евро, добивате по 121 токен. Или 133 токени за секое евро кое ќе го искористи за подарок на игра за некого.

Зошто се корисни токените?

За 15 000 токени добивате попуст од 5 евра за вашата идна нарачка. За 4000 токени, добивате златен профил за вашиот профил во времетраење на распродажбата. Доколку платите 12 000 токени, профилот ќе ви остане златен цела една година. За 2000 токени добивате златна значка која може да ја надградувате уште десет пати, со дополнително плаќање со токени. Три уникатни заднини за вашиот профил добивате за по 1000 токени, а бројни емотикони се продаваат по цена од 100 токени. Авторот на овој текст доби 4000 токени и поголемата сума реши да ја инвестира во трите уникатни позадини, како и неколку симпатични емотикони. Токените се чинат корисни само за првата награда, односно попустот од пет евра, но за да дојдете до таквиот попуст потребно е да потрошите многу, многу повеќе.

Оние кои немаат ниту интерес, ниту трпение за ваквите активности, исто така можат да добијат попуст од пет евра. За таквото нешто, Steam бара да направите нарачка од игри во износ од 30 евра. Ваквата промоција никогаш до сега не била понудена на Steam. Почнуваме да мислиме дека суровата конкуренција, првенствено наметната од Epic, не е без предности.

Пријатен шопинг!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии