Зошто и како да ја исклучите вашата веб камера

Во трката за безбедност на повисоко ниво, неодамна ве советувавме да внимавате кога се поврзувате на јавните/отворените WiFi мрежи, а овој пат би сакале да ви го насочиме вниманието на вашата камера.

Користејќи бројни алатки и фишинг техники, многу сајбер криминалци можат да ја активираат камерата и да фотографираат и снимаат компромитирачки материјали кои потоа ги поставуваат на сајтови или ги користат за уцена. Ова е двојно позагрижувачки со направи кои ги користат вашите деца, а тројно доколку мислите дека светлото до камерата е правилен индикатор кога таа е вклучена. Живеење во таквата илузија е сосема неоправдана затоа што уште во 2013-та година истражувачите покажаа дека камерата може да се активира без да се вклучи светлото за индикација, а, набргу по тоа, бивш агент на федералното биро на Соединетите Држави призна дека таквата сајбер тактика ја имаат употребувано со години за да шпионираат на одредени лица.

Соодветна заштита?

Пред да ѝ дозволите на паранојата да ве преземе имајте во предвид дека сите идни проблеми се решаваат на неколку едноставни начини. Сè што треба да направите е да ја деактивирате камерата или да залепите трака врз неа, a во зависност од тоа колку време и волја имате, ги подготвивме следниве совети.

#1 Покријте ја камерата

Покријте ја камерата така што ќе залепите црна лента врз леќата или пак вешто замаскирате со соодветни лепенки

Ова го практикува дури и првиот човек на Facebook

#2 Деактивирајте преку BIOS

Деактивирајте ја камерата во BIOS. Лаптопите со интегрирана камера би можеле да се деактивираат. За да проверите и самите, влезете во овој режим на работа така што за време на почетните стадиуми на вклучување на лаптопот ќе го притискате копчето F1, F2 или Del (зависи од лаптопот и доколку не е некое од овие две копчиња следете ги инструкциите на екранот при иницијалното кревање). Со навлегување во BIOS-от барајте опција како (integrated/ CMOS) webcam/ camera и деактивирајте ја така што ќе одите преку изборното мени disable или lock.

Ваквата процедура не е можна за сите лаптопи, a можно е со деактивирање на камерата да го исклучите и микрофонот, што е супер за додатна безбедност, но не и за играње Counter Strike. Премногу комплицирано? Совет 1 и понатаму е остварлива опција.

#3 Деактивирајте преку Device Manager

Влезете во Device Manager (Start -> Device Manager или десен клик на My Computer -> Properties -> Device Manager), најдете ја камерата преку категоријата Imaging Devices, десен клик па Disable или Uninstall.

Со оглед на тоа дека сајбер криминалците се исклучително паметни луѓе, можат да ги искористат предностите на административен пристап и повторно да ја активираат камерата со брзина која е поголема од интензитетот со кој ја пишуваме оваа реченица. Поради тоа -> како додатна мерка -> Совет 1 -> Совет 2.


Независно од кој пристап ќе одберете, не ја потценувајте вашата антивирусна апликација затоа што за бројни безбедносни проблеми може да детектира и да ве заштити од последици од кликнување линкови или иницијализирање програми од сомнителен карактер.

3 коментари на “Зошто и како да ја исклучите вашата веб камера

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии