Зошто илјадници жители на Хонг Конг престанаа да ги користат електронските картички за метро

Се чини дека полека, но сигурно на луѓето им станува јасно дека за да дојдеме до некои поголеми удобности сме се откажале од дел од приватноста, но ако има потреба луѓето се подготвени да се вратат на старите, помалку практични решенија. Оваа порака минатата недела ја испратија граѓаните на Хонг Конг.

Во Хонг Конг минатата недела илјадници граѓани протестираа против контроверзно законско решение кое ќе овозможеше екстрадиција во Кина. Но, загрижени за својата приватност и следењето, голем дел од луѓето престанаа да ја користат електронската картичка за метро. Картичката е налик на нашите картички за автобуски превоз, припејд е, и може да се надополни ако има потреба.

Наместо користење на овие попрактични картички за плаќање стотици граѓани чекаа редици за плаќање во кеш.

„Локалните жители на Хонг Конг речиси не користат картички за едно возење. Сите користат електронска картичка која се надополнува. Редици долги десетина метри се протегаа на секој од петте автомати за плаќање со кеш. Еден од протестантите вели дека се плаши дека ако полицијата ги обвини, податоците од електронската картичка ќе можат да се користат како доказ дека биле на протестите, пишува Quartz.

Полицијата и претходно ги користела овие картички како доказ во судница, па можеби загриженоста на граѓаните не е сосем неоснована. Секако ова „бојкотирање“ на современите удобности отвора нови прашања за приватноста на граѓаните.

Што се однесува до законот, решението е суспендирано и одложено на неопределено време. Властите тврдеа дека решението е неопходно и мора да се донесе, но опозицијата, а и граѓаните не беа убедени. Протестите ја убедија Кери Лам, дека не ги убедила граѓаните дека законот е потребен и поради тоа го суспендира.

2 коментари на “Зошто илјадници жители на Хонг Конг престанаа да ги користат електронските картички за метро

  1. “Протестанти” се христијани кои припаѓаат на една од протестантско христијанските деноминации.
    Претпоставувам во текстот сакате да кажете “Демонстранти”

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии