Раскажи кратка приказна во слика со македонскиот Fotoblog.me

Fotoblog.me е интересен хоби проект на Митко Цабевски, основач на u:Plug, реализирана од Марјан Николовски, основачот на Emit Knowledge. Идејата е полесно да се споделува содржина на друштвените мрежи, така што ќе се објави фотографија со текст, наместо надворешен линк кој води до текстот.

Во суштина, вие на вашите пријатели на Facebook, и наскоро на Twitter, им покажувате фотографија со текст кои тие веднаш ќе ја видат и прочитаат. Нема да мора да кликаат на линк, да отвараат нова страна и да читаат пост. Тие веднаш ја гледаат вашата содржина пред нив, спакувана во фотографија. Така и функционира сервисот – внесувате текст, и објавувате фотографија на Facebook. Супер едноставно, прашање е дали ќе биде и ефективно?

Ако размислите, на декстоп кликањето на линк не е воопшто проблем, навикнати сме. Но, на мобилен е друга приказна. Зошто да го прекинувам скролањето по Facebook и Twitter – нашата омилена забава – за да видам пост, кога можам да го видам истиот тој пост во фотографија. Митко вели дека наскоро ќе додадат и позадини на текстовите, за да не биде само црн текст на бела позадина. Тоа можеби ќе личи на они мотивациски слики што ги има насекаде на интернет, но да не заборавиме – тие сепак се неверојатно популарни и луѓето сакаат да ги споделуваат. Можеби сега со Fotoblog.me корисниците ќе споделуваат и свои приказни наместо познати цитати?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии