Office not required! Зошто да работите од алтернативни простори

(Ова е гостински пост на Емир Слезовиќ, ко-организатор на Funky CoWorking Friday, настан кој ја промовира coworking културата во Македонија. Постот е првично објавен на Medium, и реобјавен со негова дозвола)


Сo Funky Coworking Friday сакаме да ги охрабриме компаниите кај нас да ја раздвижат својата креативност во друг простор еден ден во неделата. Веќе неколку пати не посетија индивидуалци од Analytica, it.mk и G6 solutions. Покрај индивидуалци, на шестиот настан се изненадивме кога не посети тим од 8 програмери од Neocom.

Neocom тимот на Funky Coworking Friday

Neocom тимот на Funky Coworking Friday

Многу компании во светот — посебно во tech индустријата — даваат слобода на нивните вработени да работат од каде сакаат, во средина што им овозможува да бидат што попродуктивни.

Некои од познатите компании вклучија работење од флексибилен простор:

  • Тимот на GitHub работи на алатки кои ја олеснуваат соработката и развивањето софтвери. Тоа го прави на начин што членовите од тимот работат од различни места. Иако имаат канцеларија во Сан Франциско, тие веруваат ако работата го овозможува, луѓето би требало да работата на места кои ги прави најсреќни. GitHub им овозможува на своите вработени да присуствуваат на настани поврзани со нивната работа кадешто тие ги покриваат трошоците.
  • Basecamp е позната компанија која нуди веб-базирани производи за проект менаџмент. Иако компанијата има канцеларија во Чикаго, многу од нивните вработени обожаваат да работат надвор од канцелариите. Basecamp заедницата на дизајнери, програмери, инжинери, аналитичари, кампери, музичари, фотографери и други кои може да се најдат насекаде низ светот.
  • Treehouse го има редизајнирано начинот на учење за технологија. Компанијата помага на нивните клиенти, студенти во почетокот во tech кариерата да ги подобрат tech и IT вештините и да ја споделат нивната работа. Иако компанијата има канцеларии во Орландо и Портланд, некои работни позиции овозможуваат работа надвор од канцеларија.

Иако coworking просторите вклучуваат млади стартапи. Се повеќе корпорации почнаа да селат дел од нивните вработени да работат од coworking простор. Таков е случајот со WeWork просторот кој од неодамна вдоми тимови кои доаѓаат од General Electric, Merck и Guardian.

Funky CoWorking Friday

Funky CoWorking Friday

Што овозможува работење од флексибилен простор?

  • Флексибилност. Со ваков стил на работа, вработените имаат можност сами да си го креираат нивниот работен ден.
  • Инспирација. Со работење од различно место, вработените имаат можност да пронајдат инспирација во новите средини. Можноста да се работи од друг простор, друг град, или друга држава ќе им донесе свежи креативни идеи на вработените.
  • Продуктивност. Можноста да се биде надвор од дистракциите кои постојат во канцеларија — постојаните состаноци, ѕвонењата на телефоните, муабетењето — може да претставува и предност.

Што кажуваат бројките?

Едно истражување oд Stanford покажа дека овозможување на вработените да работат од дома носи до 13 проценти подобар перформанс за разлика од вработените кои седат во канцеларија. Покрај тоа, работење од дома овозможува да се избегне губење време во патување до работа и подобар баланс помеѓу работата и животот. За да ја споделат културата на работење без канцеларија дечките од Basecamp ја напишаа Remote во која велат: „Office not required! isn’t just the future — it’s the present. It’s up to you to catch up“!

1-hjOCTqsxz-Rt6e-Ufj6-YA

Тим од Скопје кој што го применува овој принцип на работење е www.thereborn.co. Разговаравме со Бане од theReborn кадешто се обидовме да доловиме како изгледа неговиот работен ден кога е надвор од канцеларија (тие денови му се сѐ почести и подраги).

“Значи ако решам да не одам во канцеларија, тогаш работам по нашиве launch bars (највеќе во Јавна Соба). Предностa e тоа што си во константна интеркација со луѓе и шириш нови познанства. Исто така обично гледам да одам на места каде има добра храна (на празен стомак не се работи) и да не е некое премногу бучно и фрекфентно место. Негативната страна е тоа што не можеш да се појавиш „по пижами” т.е. да си како за по дома облечен, не можеш да си пушташ музика по избор т.е. го немаш комодитетот кој што го имаш во твојата канцеларија.

Но сепак на крај со работењето надвор од канцеларија имаш поголеми шанси да бидеш попродуктивен и креативен, да се поврзеш со еден тон луѓе и контакти и секој ден да ти е различен во несекојдневно опкружување и амбиент.”

Следниот Funky Coworking Friday е уште една причина да избегате од вашиот монотон работен простор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии