Зошто брендовите треба да ги сфатат сериозно друштвените медиуми

Таков пример се случи кога @Biljana објави имејл преписка меѓу неа и Слимлајн, чии продукти за слабеење таа користи. Самиот продукт настрана, има служби кои ќе го проверат продуктот, тоа не е спорно, проблемот во преписката која беше споделена од најмалку 20 твитерџии и кој знае уште колку на Facebook, е дрскоста на Слимлајн во нивните одговори на прашања од клиент.

Таа дрскост е сега споделена на друштвените мрежи. Корисниците, идни и сегашни клиенти на Слимлајн, ја читаат преписката која еднаш била само приватна, а сега јавна, и пресудуваат во корист на Билјана, бидејќи нели „корисникот е во право“. Јасно е дека со друштвените мрежи корисничката моќ наспрема брендот е поголема бидејќи сега е полесно да се сподели корисничкото искуство, и со тоа да се пресуди на брендот, за добро или за лошо.

@Biljana Абе сериозно тоа ти се симптоми. Ја гледам една девојка кукул у очите се направила и викам – Што ти е? Пијам slimline! :Dless than a minute ago via TweetDeck Favorite Retweet Reply

@Biljana А јас би ти препорачала да не се маткаш со ниедна таква фирма повеќе, зошто кинески билки my ass! Потење му е мајката :)less than a minute ago via web Favorite Retweet Reply

Абе овие Слим лајн се мрднале, а? http://twitpic.com/55zd0gless than a minute ago via web Favorite Retweet Reply

@Biljana A со инспекција да им отидеш на адресата што им е на сајт ставена? Чисто за проверка, онака…less than a minute ago via web Favorite Retweet Reply

1 коментар на “Зошто брендовите треба да ги сфатат сериозно друштвените медиуми

  1. Процентот на користење на web monitoring ни покажува колку сериозно брендовите го сваќаат интернетот, колку слушаат..за жал..

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии