Зошто биткоините се важни, вели познатиот инвеститор Марк Андрисен

Марк Андрисен, oсновач на првиот прелистувач Netscape и инвеститор во фондот Andreesseen Horowitz, со чии пари се стартувани куп познати компании во Силициумската долина како Box, Facebook, Twitter, Skype, FiftyThree, Foursquare, IFTTT и многу други, во гостинска колумна во New York Times јавно ги поддржа биткоините, објаснувајќи ја дигиталната валута како „пробив во компјутерските науки“ и „прво практично решение“ за префрлување на дигитална сопственост. Но, г. Андрисен ги поддржува биткоините како инвеститор во Coinbase, дигитален паричник кој функционира како посредник помеѓу продавачите и купувачите на биткоини.

„Oдеднаш ќе се појави нова технологија, навидум од никаде, но всушност креирана со две декади на интензивно истражување и развој на скоро анонимни истражувачи“, пишуга г. Андрисен. „Политичките идеалисти ја промовираат како револуција, етаблираната елита ја гледа со презир. Технолозите – гиковите – се фиксирани на неа. Тие го гледаат потенцијалот и поминуваат непреспиени ноќи играјќи се со неа. На крај мејнстрим компаниите ќе ја комерцијализираат, и подоцна сите ќе се прашаат зошто нејзиниот ветувачки потенцијал не бил поочигледен од стартот“.

Овој цитат, вели г. Андрисен, се однесува на персоналните компјутери во 1975-та година, на Интернетот во 1993-та година и, според него, на биткоините во 2014-та.

Во колумната тој објаснува дека биткоините се технологија која може да ги оправда пренесувањето на дигиталната сопственост преку Интернет бидејќи ветува безбедност на преносот, што е всушност правата револуција која ја нуди дигиталната валута. Биткоините не мора да бидат само за пренос на пари, туку за пренос на дигитални договори, дигитални клучеви за онлајн заклучени сефови, дигитални потписи, дури и дигитална сопственост на физички објекти како автомобили или куќи.

„Критичарите на биткоини укажуваат на ограниченото користење од страна на обичните кроисници и продавачи, но тие исти критики беа испратени и кон PC-јата и кон Интернетот кога беа во истата фаза. Секој ден, се повеќе и повеќе корисници и продавачи купуваат, користат и продаваат биткоини, ширум светот. Севкупниот број се уште е мал, но расте брзо. Леснотијата при користењето за сите корисници се зголемува постојано со подобрување на алатките за биткоини. Ако се сеќаавате, порано беше технолошки предизвик да се приклучите на Интернет. Сега не е.“

2 коментари на “Зошто биткоините се важни, вели познатиот инвеститор Марк Андрисен

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии