Zoom конечно додаде заштита на разговорите

Дејан Соколоски

во Софтвер

Image courtesy By Zoom Communications

Zoom конечно додаде криптирање за заштита на разговорите. Ваква заштита за дел од корисниците кои плаќаа претплата веќе беше достапна од пред неколку месеци, но сега е отворена за сите. Подигање на заштитата е од исклучителна важност, а една од причините е број на корисници во пандемијата.

„Горди сме што може да преставиме end-to-end криптирање на Zoom за сите корисници во светот“, вели Џејсон Ли, шеф за информациска безбедност во Zoom.

End-to-end криптираните разговори засега се во тест фаза и така ќе останат во следните 30 дена. Во овој период компанијата ќе собира реакции од корисниците, пред и официјално да ја „лансира“ промената, јави The Register.

Недостатокот на безбедност и едноставното „киднапирање“ е една од најголемите пречки за побрз раст. Во април Zoom го ангажираше Алекс Стамос како советник за безбедност. Компанијата тогаш го замрзна развојот во следните три месеци и во целост се фокусираа на безбедноста.

Zoom е платформа за видео разговори која е супер едноставна за користење. Најголем дел од својата популарност добија во периодот на пандемијата кога на сите им е потребна алатка за видео разговор. Поради ова бројот на корисници нагло рипна. За жал платформата до тогаш не беше сериозна кога безбедноста на корисниците е во прашање. Немаше никава заштита на каналите, и постоеше сериозна опасност за нарушување на приватноста на корисниците. Со новиот фокус на приватноста и заштитата

За пандемијата на коронавирусот COVID-19

Ажурирано на 25/03/2020

Што е коронавирусот COVID-19?

COVID-19 (коронавирусна болест 2019) е нова заразна вирусна дишна болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2. Името го добива по „боцките“ на неговата површина кои изгледаат како круна (корона). Коронавирусите можат да заразат и животни и луѓе и да предизвикаат симптоми што се движат од лесна настинка до тешка, животно загрозувачка пневмонија.

Колку е заразен вирусот?

Вирусот е екстремно заразен и се пренесува многу лесно од човек на човек, особено во затворени површини. Се пренесува по капличен пат - во мали капки кои ги прави заразениот човек кога дише, зборува, кашла или кива.

Каде е проширен вирусот?

Почнувајќи од првата епидемија во Кина, од декември 2019 до денес вирусот е проширен во над 140 земји, има заразено најмалку 462.000 луѓе и предизвикано над 20.800 смртни случаи. Според Светската здравствена организација се работи за пандемија. Моментално Европа и САД се соочуваат со нагол пораст на новозаболени. Вирусот е присутен и во Македонија од 26 февруари 2020.

Кои се симптомите?

За да се појават симптомите потребни се 2 до 14 дена. Најчести симптоми се покачена температура, сува кашлица, замор и потешкотии при дишењето. Најголемиот број заболени (околу 80%) имаат благи симптоми кои наликуваат на грип или лоша настинка. Некои луѓе воопшто не развиваат симптоми, но може да ја пренесат болеста на други.

Како да се заштитам себеси и другите?

Добар совет во време на пандемија е да се однесуваме како сите, па и самите да сме заразени. Ова значи, минимизирање на контактот со други луѓе и држење на дистанца од 1 до 2 метри, поретко излегување од дома, често и долго (до 20 секунди) миење на рацете и избегнување на допирање на лицето.

Каде да се информирам повеќе?

Во време на пандемија, а воедно и на лажни вести и clickbait тактики, бидете внимателни од каде конзумирате вести. IT.mk ви препорачува да ги следите официјалните сајтови и проверени извори на информации:

- Официјална веб-страна на Министерството за здравство
- Официјална веб-страна на Владата на РСМ
- Неофицијална страна поддржана од Министерството за здравство
- често ажурирана страница за моменталната состојба на пандемијата. За секоја земја има и посебна статија.

Прочитај повеќе

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии