Zoom.it е најкул сервис за споделување слика и сајт

Пример, имате голема слика која не ви ја собира во одреденото поле за неа на вашиот сајт? Нема проблем, пастирајте го URL-то и вметнете го zoom.it прозорецот на кој можете да му ги намалите димензиите. Големата слика ќе се наоѓа во прозорчето и ќе можете да си ја зумирате или да си ја гледате на цел екран.

Има и боокмарк за лесно да zoom.it големи слики во момент додека ги прегледувате, без да го напуштите сајтот.

Zoom.it е се уште во експериментална фаза, работи на Windows Azure платформата и е потребно инсталиран Microsoft Silverlight за да се гледаат сликите. API-то на zoom.it е достапно за програмерите, но е наведено дека бидејќи е тест фаза не треба да се користи за продукти.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии