Зомби летала: Хакер направи беспилотно летало кое ги краде другите

Не помина една недела откако Amazon ги најави своите планови за достава со беспилотни летови, а веќе се најавува можен проблем. Хакерот Семи Камкар објави листа на опрема која им е потребна на хобистите за креирање на своевидно „алфа летало“ кое ќе може да ја превземе контролата над малите останати летала, јавува Ars Technica.

За почеток ви е потребно беспилотно летало Parrot AR Drone, Raspberry Pi, батерија и два безжични предаватели. Леталото ги следи безжичните сигнали од околните Pаrrot AR Drone летала, и ја користи безжичната врска најпрво да ги исклучи сопствениците, а потоа да се поврзе на леталата и да ја преземе контролата над командите и камерата, претворајќи ги во „зомбија“. Во моментов единствена цел на напад се Parrot леталата, бидејќи нивните MAC адреси се во еден блок. Доколку во близина на леталото се наоѓа било кое друго летало кое не е од Parrot серијата неговата МАС адреса не припаѓа во блокот и софтверот барем засега не го препознава.

„Колку би било забоавно да може да ги соберете леталата кои ги доставуваат пакетите за Amazon и да ги направам мои малечки зомби дронови? Извонредно!“, вели Семи Камкар во својот блог.

[youtube]EHKV01YQX_w[/youtube]

1 коментар на “Зомби летала: Хакер направи беспилотно летало кое ги краде другите

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии