Златна книга објави апликација за iPhone и iPad

По Аndroid апликацијата, Златна книга објави и апликација за iPhone и iPad. Апликацијата овозможува гео-локациско пребарување истакнувајќи ги првите најблиски резултати на фирми и други правни податоци на Златна книга. Има опција за правење повици директно од резултатите, снимање во именик, и прегледување на контактите. Има и опција доколку сакате да пребарате по град, не според вашата локација.

Златна книга за iPad е брза и лесна за користење, но не и перфектна. Тоа што ми беше проблем при користењето е што се губат листата на категории кои се појавуваат при стартување на апликацијата, пример имате категорија „ресторани од а до ш“ што ви ги дава сите ресторани. Ова е доста корисно доколку знаете дека сакате да најдете ресторан, но не знаете каков и каде.

Но, откако ќе направите пребарување тие листи на категории се губат, а на почетната страна се појавуваат најчестите пребарувања кои сте ги направиле. Јас не знаев како да ги вратам категориите, и заглавив само со тоа што пребарував, дури и со погрешните пребарувања. Во комбинација со пребарување на град ова изгледа уште попроблематично. Може да одберете град, но ако сакате да пребарувате по категории тогаш ќе мора рачно да внесете што барате.

Логиката е дека ако најдам јас тоа што ме интересира тогаш можам лесно да го сочувам во контактите, апликацијата ја имаа таа опција, и сигурно во иднина не би правел исто пребарување, туку би барал нешто ново.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии