Ѕиркајте низ туѓи прозорци од целиот свет со Window Swap

Мартин Јованчевски

во Веб

Доколку ригорозно го практикувате социјалното дистанцирање и ви здосади погледот преку вашиот прозорец, упатете се на следнава веб локација и започнете го ѕиркањето низ туѓи прозорци. Колку и да звучи чудно, идејата е феноменална и имавме проблем да престанеме со восхитување на крововите кои се гледаат од куќата на Анџело во Рим, врнежливата улица на Томас од Виена, или сонцето зад преубавите дрвја на Ана, од Мелбурн.

Откако ќе го посетите сајтот Window Swap кликнете на опцијата Open a new windows и погледнете како изгледа погледот од прозорци на непознати лица од целиот свет. Доколку сакате, можете да го снимате погледот од вашиот прозорец и да го поставите на сајтот. Внимавајте само на тоа што го зборувате додека е вклучена камерата затоа што не се пренесува само видеото, туку и аудио изворот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии