Жулијан Асанж е ослободен од обвинувањата во Шведска

Судската власт во Шведска го ослободи Жилијан Асанж од понатамошен прогон за сексуален напад. Обвинителството во Шведска се откажа од обвинувањето бидејќи нема начин да се заврши случајот, пренесе New York Times.

„Срамота е што осомничен силувач може да и избега на правдата. Мојот клиент е шокиран“, вели адвокатот на тужителот.

Ова не значи дека г. Аснаж нема да биде уапсен ако ја напушти амбасадата на Еквадор. Властите во Лондон можат да го уапсат и поради други причина. Во Британија се бара за кршење на кауцијата и бегство. Дополнително, тој сè уште е баран во САД, а можно е да има тајна потерница по него.

Најголем проблем на основачот на Wikileaks е промена на перцепцијата на јавноста за него. Пред пет години беше сметан за херој кој ја кажува вистината, а денес дел од неговите поддржувачи го променија мислењето и сметаат дека работи за Доналд Трамп и Русија.

Г. Асанж по најавата дека Челси Менинг е помилувана, објави дека ќе се предаде на властите во САД доколу му гарантираат фер судење. Дел од видеата и документите кои ги сподели го покажуваат вистинското лице на војната и нападите врз цивили. Документите кои ги сподели Челси Менинг, ги сподели Жилијан Асанж на Wikileaks.

Пред викендот WikiLeaks објави нови податоци кои според Telegraph, ги доведуваат во опасност оперативците на САД и Британија. Алатката Athens/Hera работи на сите верзии на Windows понови од Windows 8. На шпионите им овозможува преку компјутерите да ги следат целите.

Софтверот би можел да се инсталира на царина при влезот во земјата. За инсталирање на софверот потребен е физички пристап до компјутерот. Дополнително, истиот софтвер би можел да се користи и за откривање на IP адресите, дури и на корисницните кои пристапуваат преку Tor анонимизација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии