Жозе Мурињо ќе биде заштитното лице на српската игра Top Eleven

Српското гејминг студио Nordeus успеа да го ангажира тренерoт на Реал Мадрид, Жозе Мурињо како заштитно лице на својата Top Eleven игра која има над 10 милиони играчи. Ангажманот на еден од најтрофејните фудбалски тренери е неверојатно достигнување за гејминг студиото кое пред само недела дена го прослави својот трет роденден.

„Со желба да го подобриме корисничкото искуство на милионите наши менаџери ни дојде идеја да поставиме лице чие знање и резултати ќе го симболизираат најдобриот тренер во светот. Мурињо беше очигледниот избор. Го контактиравме, му се допадна идејата и Top Eleven, и одлучи да биде дел од играта.“, вели Милан Ѓукиќ од Nordeus за Startit.rs.

Идејата за Facebook игра која го симулира водењето на фудбалски клуб од сите менаџерски аспекти, му се допадна и на популарниот тренер кој освои трофеи со Реал Мадрид, Интер, Челси и Порто. Според г. Мурињо, Top Eleven успева да го пренесе искуството на водење на тим подобро од сите други игри.

„Опциите кои ги има оваа игра не може да се најдат ни во напредните и покомплексни наслови за PC, а можноста да се игра на повеќе платформи и од Facebook да продолжите да играте на вашиот телефон додека се враќате од работа, само ви го дополнително доловува чуството дека сте тренер кој постојано мора да се грижи за својот тим.“

Ликот на г. Мурињо ќе се појавува со совети за играчите во новите туторијали на играта кои ќе бидат достапни на почеток само за помал број на играчи. Nordeus вели дека наскоро ќе претстават уште начини како да се комуницира со тренерот во играта.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии