Живот на патот: Приказна на фриленс програмерка

(Ова е гостински пост на Емир Слезовиќ, ко-организатор на Funky CoWorking Friday, настан кој ја промовира coworking културата во Македонија. Постот е првично објавен на Medium, и реобјавен со негова дозвола)


Љубопитни по концептот на патување и работење низ различни простори во светот, имавме можност да поразговараме со Елена Колевска која е водечки програмер за aмериканска компанија. Таа ни ја претстави нејзината приказна на ветеран дигитален номад.

Како се започна

Дипломирана на факултетот по електроника и телекомуникации се одлучува за работа како фриленс програмер и уште од 16 години активно се вклучува и развива во полето на програмирање. „Се одлучив за програмирање заради слободата на избор која го овозможува програмирањето, и слободата да работам од било каде“.

Едно од нејзините први патувања го остварува преку interrail, односно со евтини билети за луѓе кои сакаат да патуваат со воз. По interrail прошетка низ Европа, таа се одлучува за живот со константно селење и патување низ светот. По напуштање на работата во Македонија, си наоѓа работа на интернет за американска компанија и се сели во Бразил. По оваа преселба, Елена нема останато на едно место повеќе од 2 години. „Живеев во Рио де Жанеиро, па Бахиа, сега сум во Гранада, Шпанија, а во јули се селиме во Португалија“.

За работа доволно е само да има интернет

За да се одработат обврските при патување таа смета дека е потребно планирање, дисциплина и интернет. Просторот за работење често вклучува работење од хостели и во домови на локални жители каде што Елена престојувала како гостин. Иако работи во домашна атмосфера, таа сепак се придржува на распоредот на работа од понеделник до петок, од 09:00 до 17:00. Слободното време преку викенд или попладне после работа таа го користи за шетање и истражување. Компанијата со која соработува и овозможува флексибилност со тоа што и дозволува таа однапред да најави отсуство од работа при патување или слично.

12959479_10153728507532585_2028574809_o

Желбата да се истражува, патува и запознае планетата одблиску

Причината за вклучување кон ваков вид на живот произлегува од нејзината желба да истражува, патува и да ја запознае планетата одблиску. „Не сум толку заинтересирана да ги видам местата колку што сакам подлабоко да откријам какви се луѓето низ светот“, вели Елена. Фриленсингот и програмирањето и овозможуваат да биде финансиски обезбеденa за патувања.

Кои се предизвици на работење при патување

Недостаток на стабилност при константното селење и патување. Како што самата вели: често и недостасуваше плакар каде што ќе може да си ги остави личните работи. Недостатокот на постојаност и блискост со пријателите. Недостаток на удобност кога си во ново место. Живеењето во нов град бара секогаш да се снаоѓаш. За мали ситници се бара труд, дури и да најдеш чевлар ќе треба да истражуваш.

Јазикот и тешкотиите да се комуницира. Таа укажува дека локалните жители те гледаат како странец доколку не го знаеш локалниот јазик. Треба да се научи локалниот јазик бидејќи во новата средина си како дете кое што незнае ништо.

12921889_10153728507502585_1885924692_o

Како да се почне

Доколку луѓето имаат можност да работат преку интернет, треба да пробаат. Таа смета дека во овој период се изградила добра инфраструктура која поддржува ваков вид на лајфстајл. Има можност да се работи од coworking, да се живее во coliving простори за дигитални номади и постојат евтини авионски летови. „Денес е лесно да се патува и работи, и има многу работа онлајн“, вели Елена.

Во САД, во иднина поголемиот дел од работната сила ќе биде работење од дома. Тоа е огромна шанса, не само за програмери, туку и за уметници, дизајнери, „copywrighters“, маркетери и други. Елена ги охрабрува луѓето да патуваат колку што можат повеќе бидејќи како што вели таа „најбесценети се искуствата”.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии