Жените се подобри програмери, oткрива GitHub анкета

во Софтвер

Јазот помеѓу мажите и жените програмери е сè уште многу изразен, и токму затоа резултатите од истражувањето на универзитетите Cal Poly и North Carolina State ќе бидат изненадување за многумина кои веруваат во машката ИТ супериорност. Според истражувањето направено со 1,4 милиони корисници на GitHub, жените програмери пишуваат подобар код од мажите.

Споредбата на код предложен на GitHub покажува дека 78,6 отсто од кодот напишан од жени програмери е прифатен и имплементиран, а за мажи бројката е нешто помала – 74,6 отсто. Очигледно е дека нема разлика меѓу жени и мажи програмери, и двата пола се еднакво квалитетни, но тоа не се префрла во реалноста. Поразително е што и покрај високата прифатеност на кодот напишан од жени што не го откриле полот, прифаќањето на кодот е намалено кога се знае дека програмерот е жена.

За жал, девојките сепак се малцинство во ИТ индустријата, посебно тие што работат како програмери. Главна причина за ова е малиот број на девојки кои се одлучуваат за кариера како програмери. Интересно сепак е што во Македонија имаме повеќе ИТ девојки отколку глобалниот просек. Во Македонија од сите ИТ професионалци, скоро 28 отсто се жени, додека во Европа просекот е само околу 12 отсто, неодамна ни открија Girls in Tech Macedonia.

womenvsmen

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk