Спонзориран текст

Зграпчете ја иднината на гејмингот со MSI GeForce RTX 2080

Спонзорирано од Anhoch

во feature, Вести

Претпоставуваме дека она што гејмерите најмногу сакаат е да излезат во пресрет на максималните побарувачки на моментните игри и да се втурнат во графичко совршенство од епски пропорции. Ако некоја графичка карта може да ве приближи до таквата нирвана, тоа е најновиот продукт на Nvidia и нивната линија од GeForce графичките карти – RTX 2080.

Ова се графичките карти за кои од Gamespot се изјаснија дека ги надминуваат способностите на GTX 1080 Ti, а и го збогатуваат искуството со целосно нови технологии. Од Overclockers Club објаснуваат дека се совршени доколку покажувате амбиции за пливање во гејминг со 4К резолуции, а од PC Mag се колнат дека GeForce RTX 2080 се способни да понудат 35% подобри перформанси од GTX 1080 Founders Edition.

Вистинска еволуција на вашата потреба за исполнителни гејминг сесии

Според многумина, GeForce RTX 2080 се прикажува како втората графичка карта со најдобри перформанси во светот, засенета само од поголемиот брат, RTX 2080 Ti. Хардверските гурмани веќе подолго време ги ценат потенцијалите на графичките карти GTX 980, или GTX 1080. Таквите карти и понатаму остануваат во непосредна близина на тронот, особено доколку го земете во предвид односот помеѓу цената и перформансите. Но, она што се крие зад нивната хауба е застарениот Pascal GPU чип кој некако ја нема истата кондиција кога се работи за излегување во пресрет на најновите игри. GeForce RTX 2080 графичките карти на MSI кријат исклучително моќен Turin чип кој, за повисока цена, нуди исклучително повеќе. Па така, GeForce RTX 2080 графичките карти имаат нов комплет од 46 RT јадра кои, во комбинација со 468 Tensor јадрата ви дозволуваат да ги доживеете најновите игри во нивната цела слава.

Уникатниот танц на Ray Tracing и AI

Како единствени графички карти кои се одликуваат со ваквиот спој на уникатни технологии, RTX 2080 успева да ги трансформира сите рефлектирачки површини, како вода или стакло, во огледала и да понуди имерзивност која е недостижна со некоја друга графичка карта.

Воведувањето на Tensor јадрата и Turing-заснованиот графички чип, пак, резултираат со напредни алгоритми кои се помогнати од вештачката интелигенција. Благодарение на тоа, anti-aliasing процесирањето е осум пати побрзо. Дополнително, со новата опција Deep Learning Super Sampling можете поефикасно и во исто време да се справувате и со super sampling и со anti-aliasing.

Колку е RTX 2080 подобра од GTX 1080?

Низ многуте тестови, општиот заклучок е дека GeForce RTX 2080 ја оправдува повисоката цена и е значително подобра од GTX 1080, дури и кога би ја споредиле со GTX 1080 Ti, или Titan Xp. Во повеќето игри, гејминг со GTX 1080 е повисок за 20 до 40 фрејмови во секунда. Па така, пробајте да ја заиграте Middle Earth: Shadow of War во 1080p резолуција и ќе забележите графичко искуство од 140 фрејмови од секунда. Чисто за споредба, GTX 1080 ја „носи“ играта со 105 фрејмови во секунда, а GTX 1080 Ti со 121. Во 4К резолуција, RTX 2080 ќе се искачи највисоко до 60 fps, нешто што не е можно ниту со GTX 1080 (40fps) , ниту со GTX 1080 Ti (52fps). Destiny 2 се покренува во 4K, на Ultra поставки и со вклучено HDR и нуди стабилни 60-75 фрејмови во секунда, што е повеќе од импресивно.

Зграпчете ја иднината сега!

Оние кои бараат во новото моќно чудовиште да им чука втората најјака графичка картичка во светот, можат да се почестат со MSI RTX 2080 ексклузивно од Anhoch, по цена која ќе знае како да ја награди вашата доверба.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии