Зграпчете 8 VR игри за вашето PC за помалку од 800 денари од Humble Bundle

Најновиот пакет на Humble Bundle е првенствено наменет за потесна група од гејмери, но апсолутно вреди да се спомене. Доколку имате VR направа за вашето PC или пак планирате да купите во иднина, овој пакет од игри е колекција од задолжителни лектири кои никако не смеете да ги пропуштите.

Првиот платежен столб од 1 евро, ви ја дава вселенската истражувачка авантура Detached каде сте заробени на вселенска станица и мора тактички да размислувате и користите вештини доколку сакате да ја победите трката со времето.

Вториот платежен столб, кој е подложен на промени, а моментно чини 12.38 евра, ќе ви ги отклучи Star Trek: Bridge Crew, Surgeon Simulator: Experience Reality, Swords of Gurrah, и Espire 1: VR Operative. Star Trek: Bridge Crew не мора да се игра во VR.

Интересно е тоа што, во поглед на доплата, третиот столб бара дополнителни 7 денари доплата, а, за тоа, отклучува три дополнителни игри. Job Simulator не е игра по наш вкус, но затоа Sairento VR и Borderlands 2 VR се едни од најдобрите и најкоплетните искуства кои ги имаме доживеано на PS VR. Можеме само да замислиме графички колку би биле поимерзивни на моќно PC со соодветна VR опрема.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии