Зголемена сигурноста на World of Warcraft акаунтите

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Blizzard претстави додатен слој на сигурност за добро познатата игра World Of Warcraft. Дизајнирано за да се закачи за привезок, лесниот и водоотпорниот Blizzard Authenticator е електронски уред кој генерира код од шест бројки со само едно претискање на копче. Овој код е уникатен, валиден само еднаш и
е активен на одредено време, што значи дека мора да биде достапен заедно со име на акаунтот и лозинката за време на најавувањето на World Of Warcraft акаунтот поврзан со кодот.

Оваа опционална сигурносна мерка ќе биде достапна на "2008 Blizzard Entertainment Worldwide Invitational", кој ќе биде одржан од 28-29 јуни во Париз, Франција. Како додаток, Blizard Authenticator наскоро ќе биде достапен за купување преку он-лајн продавницата на Blizzard во вредност од 6.50 US долари.

{mosimage}

Мајк Морхајм, еден од основачите на Blizzard Entertainment изјави:

– "Многу ни е важно World Of Warcraft да нуди сигурна и релаксирана гејминг околина. Еден од аспектите е да им помогнеме на играчите да не доаѓа до загрозување на нивните акаунти, затоа ни беше драго да го направиме овој додатен слој на сигурност достапен за нив”.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии