Згаснуваат Orcs Must Die! Unchained, Hero Academy 1 и 2

Orcs Must Die! Unchained – нешто што требаше да биде следниот еволутивен чекор на феноменалните Orcs Must Die! игри – згаснува. Во сенката на заборавот ќе бидат втурнати и Hero Academy 1 и 2. 

„Правење и поддржување игра е долго и предизвикувачкo патување. Во процесот, се наидува на многу позитивни, но и многу негативни работи. Заедниците кои ги играат нашите игри стануваат дел од тоа наше патување. Знаеме дека оваа одлука влијае на нашите играчи со ист интензитет како што влијае и на нас“, објаснува студиото, пред да навлезе во главната причина за згаснувањето.

„Ги одржувавме игрите со неколку месечни финансиски загуби. За жал, повеќе не е исплатливо таквото нешто. Мора да се ре фокусираме и да инвестираме во нашите идни игри.“

Одлуката се донесува неполна година по отпуштањето на 30 вработени. На времето, објаснија дека отпуштањата се дел од стратешко пренасочување и намалување на работните обврски од два на еден проект. Сега, тимот потврди дека сепак работи на два проекти. Повеќе за нив би слушнале во текот на 2019 година.

Orcs Must Die! Unchained, Hero Academy 1 и 2 ќе бидат во игрива состојба до 8 април. Досегашните играчи ќе добијат значително високи виртуелни валути за да можат да купуваат многу работи низ продавницата, но треба да се почека до 24 часа од пријавувањето во играта.

Првата Hero Academy излезе во 2012 година, и паметиме позитивно прифаќање на играта во тогашниот период. Втората игра, меѓутоа, излезе пред неполна година и навистина изненадува брзото опаѓање на интерес и недостаток на мотивација на тимот да проба да даде втор живот во насловот. Дополнително, Orcs Must Die! Unchained излезе во 2017 година, откако беше цела година во отворена бета.

Наше мислење е дека игрите имаат огромен потенцијал и изненадени сме што слушаме дека компанија како Robot Entertainment не сака да преземе дополнителни чекори за ревитализација на насловите. Некој не може, а да не се запраша, што е со сите идни мрежни игри кои компанијата ќе ги објави и дали треба финансиски да се инвестира во нив по пат на микротрансакции ако игрите можат да згаснат по само неполна година од нивното постоење?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии