Zenchat е алатка за комуникација и управување со задачи

Мартин Јованчевски

во Веб, Софтвер

Во случај да работите од дома или да имате потреба од пофлексибилна комуникација со најблиските, Zenchat e релативно нова алатка која би можела да ви излезе во пресрет. Со неа, можете да започнете и одржувате индивидуални или групни чет сесии во форма на текст или претходно снимени аудио пораки.

Од самото место каде се одвива ваквата комуникација можете да создавате и управувате со најразлични задачи кои вие или некој друг ги наметнува врз останатите. Без проблем можете и да прикачувате најразлични фајлови, како фотографии.

Zenchat е во рана фаза на развој. Поради тоа, бројни функции допрва ќе бидат воведени, функции како можност да се снимаат и праќаат видео клипови, да се започнуваат аудио и видео повици, како и да се емитуваат мултимедијални содржини на група луѓе, а да се добива повратна информација преку индивидуални одговори.

Бесплатната верзија на Zenchat ви дозволува чет со до пет луѓе. Историјата од разговорите се брише по месец дена, а за фајлови имате само 600MB простор. За отстранување на овие ограничувања, потребна ви е плус верзијата која чини 5 евра месечно. Во тој случај имате непречена и неограничена комуникација со до 50 лица.

Zenchat e алатка која е достапна за Windows, macOS, Linux, како и iOS и Android, па дури и директно преку прелистувачот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии