Земјотрес!!! Први информации на Twitter

„Дали некој осети земјотрес или јас си замислувам?“ твитна @Kuzevski. За една минута следуваше и твитот „Земјотрес“ на @Minimog77 , и потврдата „@kuzevski: имаше земјотрес“ од @Rainstopper. Многу бргу по нив имаше други пораки на Twitter.

  • „Мразам земјотреси! Мразам! Ми се одрони зградата! Мразам! Ако не кажав, да кажам пак-мразам земјотреси! Ме плашат :( “ – @NovinarkaSkopje
  • „Земјотерес во Скопје… бар од 6 души досега прочитав на интернетов“ – @Jofemk
  • „Чекајќи резултати од земјотресот…Баш ме интересира каде е.“ – @Minimoog77
  • „@kuzevski @minimoog77 јас не, но ќе видиме за барем пола саат на http://tinyurl.com/8ryr3 со која јачина бил.“ – @Moondowner

Многу бргу преку интернетот, Twitter и малку пребарување, дојдовме и до тие информации. Следуваа твитовите на @Moondower и @Minimoog77 кои ги пребараа сеизмолошките сајтови и утврдија дека станува збор за земјотрес во северниот дел на Албанија.

Ова беше подоцна потврдено и од албанските медиуми. „Tërmet në Adriatik, lëkunden disa qytete të vendit“ е насловот на Botasot кој го најдов на албанската верзија на Time.mk, а го преведов на англиски со Google Тranslate.

Информацијата е моќ. А како што може да видите новите сервиси и интернетот ни овозможуваат побргу да ја зграпчиме таа моќ. Само што ете, се уште не сме доволно брзи, земјотресот беше пред повеќе од еден час.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии