Zeiss ZX1 сепак излегува, камерата достапна во претпродажба

Дејан Соколоски

во Вести

Правата Android фул фрејм камера на Zeisс, Zeiss ZX1 сепак излегува и веќе е достапна во претпродажба. Поточно, препродажбата беше отворена, но веќе е затворена. Купувачите не беа одвратени ниту од високата цена која изнесува 6000 долари.

Камерата доаѓа со 37.4MP Full-Frame CMOS сензор; ZEISS Distagon T* 35mm f/2 леќа; и три копчиња за контрола на блендата, брзина на сликање и осетливоста на филмот (ISO). Дополнително има можност за поврзување на Wi-FI, USB-C приклучок и 512 GB меморија.

Апаратот доаѓа со прилагодена верзија на Android оперативниот систем и сопствена верзија на Adobe Lightroom.

Засега нема дата на која камерата ќе започне со испорака, но откако беше најавена за 2019, речиси никој не веруваше дека камерата сепак ќе биде издадена.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии