Збогум за Blacklight: Retribution

Blacklight: Retribution е солиден наслов кој со години нуди брза и футуристичка забава во бесплатна форма. Играта се појави во далечната 2012 година и, за малку, целосно ќе згаснеше во 2015 година, откако девелоперите Zombie Studios се распаднаа. Во последните три години, издавачот Hardsuit Labs тврдоглаво одбиваше играта да биде голтната од заборавот. По сѐ изгледа, повеќе сили за борба нема и преку пост на reddit се потврди дека играта целосно ќе згасне на 11 март и дека сите работи кои се продаваат во продавницата се целосно бесплатни за сите оние кои сакаат да ги поминат последните моменти со играта.

„Веќе подолго време како Hardsuit Labs се вовлечени во многу интересни проекти кои бараат целосен фокус од сите нас“, се чита од редит постот. „Капацитетот и ресурсите на студиото се целосно посветени на овие проекти и, официјално, повеќе нема да можеме да ја крпиме, надополнуваме, или поддржуваме Blacklight: Retribution.“

И покрај вртоглавата забава, на Blacklight: Retribution одамна се гледа како на мртва игра. Во последните шест месеци, играта бележи престој од помалку од 200 играчи.

Во случај да сакате да се присетите на џиновскиот оклоп кој ги топи непријателите за само неколку секунди, на способноста да гледате преку ѕидови, или пак бесплатно да уживате во сите работи кои, до пред некој ден, бараа вистински пари, играта и понатаму е достапна на Steam.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии