Збогум Project Ara, Google „пензионира“ уште еден проект

Google одлучи да се откаже од својот модуларен телефон и да престане со развој на Project Ara. Со ова барем засега компанијата го прекинува развојот на модуларните телефони, јави Reuters.

Веста за откажување на проектот доаѓа шест месеци по конференцијата Google I/O. Компанијата тогаш најави дека има партнери кои ќе ги прават модулите.

Идејата беше секој да си направи персонализиран телефон, кој ќе може да го надгради кога ќе се појави потреба од тоа. Некои телефони ќе имаа подобри звучници, подобар екран, поголеми батерии; сѐ во зависност од потребите на корисникот.  Идеjата е одлична, но за жал доаѓа со голем недостаток; дел од елементите се поврзани едни со други. На пример, можеби менувањето на камерата може да значи дека е потребно да додадете RAM или промена на процесор.

Друг недостаток е што модулите се поголеми, па и самите телефони се поголеми и потешки. Сепак, идејата за телефон кој ќе може да биде составен од корисниците им се допадна на дел од хардвер ентузијастите. За среќа Motorola со Moto Z и LG со својот LG G5, веќе креираа модуларни телефони, иако овие телефони се далеку од она што го ветуваше Project Ara.

Ова е дел од план кој ќе овозможи на Google да ја унифицира кампањата за хардвер, велат извори на Reuters. Хардверот е под Рик Остерло, поранешен директор на Motorola.

Project Ara беше последниот дел од Motorola кој остана во Google, откако компанијaта ја продаде Motorola на Lenovo.

Иако Google се откажува од идејата, сепак можеби некој од партнерите ќе го дотера Project Ara до крај.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии