Збогум приватност, над 117 милиони ликови во базата на податоци на Федералното истражно биро

Базата на податоци на Федералното истражно биро на САД има над 117 милиони лица за потребите на автоматско препознавање на ликови. Ова значи дека агенцијата има податоци за половина од полнолетните граѓани на САД, а најголем дел од нив претходно не се поврзани со криминал.

Најмалку четвртина од локалните и федералните полициски станици имаат пристап до оваа база, јави Wired. Се чини дека технологијата не е на посакуваното ниво, па по завршување на пребарувањата, двајца службеници ги надгледуваат резултатите. Засега само 12 отсто од пребарувањата завршиле со позитивен резултат.

„Технологијата за препознавање на ликот и овозможува на полицијата да ве препознае од далеку и без да зборува со вас. Ако не сте биле претходно уапсени, најверојатно немате податоци во базата за отпечатоци; ниту во базата за ДНК. Со вадење на возачка дозвола 117 милиони возрасни Американци се внесени во базата за препознавање на ликови.“, вели Алваро Бедоја од Центарот за приватност и технологија.

Пет полициски оддели во градови како Лос Анџелес и Чикаго веќе користат или сакаат да купат технологија за препознавање на ликови во реално време. Над 40 организации за основни човекови права предупредуваат дека полицијата нема право да ги идентификува или следи граѓаните за кои нема основано сомнение за кривично дело.

Ваквите системи за автоматско препознавање на ликови, особено во реално време, се навистина моќна алатка со оглед на тоа дека повеќето се користат во владини институции кои имаат пристап директно до стримовите од камерите поставени на јавните места, кои денеска, како што знаеме и од нашите улици, ги има буквално на секој чекор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии