Збогум поп-ап реклами, Google најавува нова промена во алгоритмот на пребарувачот

Една од наjздодевните практики во онлајн реклмирањето, поп-ап или интро рекламите, наскоро би можеле да одат во историјата. Најголемиот пребарувач, Google, најави нова промена во алгоритмот, со која ќе ги казни сајтовите кои ги користат овие реклами уште поагресивно од досегашната пракса.

Поп-ап или интро рекламите се здодевни и на десктоп верзиите, но на мобилните страници се ужас. Без сомневање секој од нас имал искуство, да затвори некоја страница, бидејќи изгубил трпение со моделите. Можеби најиритирачкиот дел на овие реклами е креирањето на огромни реклами и „X“ од неколку пиксели со која се затвораат.

Промените се дел од определбата на Google за прилагодување на интернет на помалите екрани на паметните телефони. Дел од поп-ап прозорците мора да останат, на пример оние кои се користат за логирање, или известување, но дел ќе треба да се отстранат. Google креираше листа на примери за пракси кои не се прифатливи:

  • Поп-ап прозорци кои ја покриваат главната содржина, веднаш по отворање на веб-страницата или по разгледување на  содржината.
  • Прикажување на реклама која корисникот мора да ја затвори пред да продолжи да ја разгледува содржината.
  • Користење на распоред во кој дел дел од страната наликува на празен простор, но содржината е вметната под овој простор.

pop-up

 

Истовремено Google прикажа и листа на примери кои нема да бидат зафатени со промените:

  • Прозорци кои известуваат со задолжителни соопштенија, пример користење на интернет колачиња или старосна граница.
  • Логин дијалог за страници. На пример, страници на кои по логирањето корисникот има пристап до различна содржина.
  • Банери кои заземаат помал дел од просторот и лесно можат да се затворат. На пример, прозорците за инсталирање на апликации за Chrome и Safari.

pop-up-good

Google им остави простор на развивачите да ги прилагодат своите веб-страници, па новите промени во алгоритмот доаѓаат од јануари 2017.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии