Збогум iPod Classic, ти должиме една музичка револуција

Пред речиси 13 години Apple го престави првиот уред кој го најави нивното искачување на листата технолошки гиганти кои ги произведуваат најдобрите уреди – iPod Classic. Уредот кој беше помал, полесен и поедноставен за користење од се што можеше тогаш да презентира конкуренцијата, влезе на пазарот под мотото „1000 песни во вашиот џеб“. Сега 13 години подоцна компанијата е подготвена да го пензионира iPod Classic.

[youtube]mE_bDNaYAr8[/youtube]

Со своето појавување, iPod направи револуција, уред на кој може да се префрлат 100 CD-a, а на инсистирање на Стив Џобс корисниците мораа да стигнат до било која опција со најмногу 3-клика. iPod Classic е и последниот уред на Apple кој го користи „click wheel“ и го означи почетокот на супериорност преку едноставност за користење.

Сепак iPod Classic не ги воодушеви сите, цената од 400 долари беше превисока, а дел од аналитичарите се сомневаа во визијата на Apple за iPod и го нарекоа „играчка за луѓе кои имаат повеќе пари отколку чувство“, потсетува Washington Post. Сепак Apple продаде 125.000 уреди во првите 2 месеци, а наскоро верзија на уредот добија и корисниците на Windows. Се поголем број на корисници ја префрлаа својата музика на комјутерите, а во 2003 година светот беше подготвен за нов бум – iTunes. Со ова корисниците добија можност речиси секоја песна легално да ја „поседуваат“ за само 1 долар, најголемите музички ѕвезди го прифатија уредот и неговата популарност експлодира. Една година подоцна iPod беше најпрепознатливиот уред на Apple.

Четири години подоцна со презентирањето на iPhone започна и „пензионирањето“ на iPod. Повеќе корисници ги користеа своите телефони за купување и слушање на музика, што доведе и до неговото конечно повлекување, Wired уште минатата година го предвиде повлекувањето, откако Apple престана да прави надградби на уредот. Последната верзија од 2009 доаѓаше со 160 GB простор, место за 40.000 песни.

[youtube]SYMTy6fchiQ[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии