Збогум Internet Explorer. Нема да ни фалиш!

Microsoft го убива Internet Explorer, барем брендот што стана синоним за лошо изработен софтвер. Internet Explorer беше толку лош прелистувач што немаше никаква шанса да се поправи ниту со нови верзии, ниту со реклами, ниту со магии. Иако доаѓа преинсталиран на Windows, само 4 отсто од македонските корисници го користат, и си инсталираат Chrome или Firefox. Но, Microsoft има план како да влезе во трката помеѓу прелистувачите, преку кои ќе може полесно да ги промовира своите услуги, како веб пребарувачот Bing, или веб сервисите како Office 365.

Internet Explorer, или барем дел од него, ќе биде спакуван целосно во ново руво. Microsoft работи на Project Spartan што би требало да биде нов прелистувач, изработен од ново, кој ќе се појави во Windows 10. IE ќе остане како алатка во оперативниот систем, но нема да се користи за сурфање на веб. Исто како и до сега, нели?

Според Verge, Мicrosoft прави истражување на пазарот со кое ги прашува корисниците за најдоброто име на новиот прелистувач. Дефинитивно нема да биде ништо поврзано со Internet, ниту со Explorer, но ќе има Microsoft пред името. Тоа наводно им се допаѓа на корисниците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии