Збогум Facebook, Папуа Нова Гвинеја ќе ја забрани друштвената мрежа на еден месец

Дали може да замислите дека цел месец немате пристап до Facebook? Жителите на Папуа Нова Гвинеја ќе бидат дел од тест со кој властите ќе се обидат да ги пронајдат лажните корисници. Ќе биде разгледан и ефектот кој друштвената мрежа го има врз популацијата, јави Guardian.

„Периодот ќе овозможи да собереме информации за да ги идентификуваме: корисниците кои се кријат зад лажни профили; корисниците кои закачуваат порнографија; корисниците кои шират лажни вести“, вели Министерот за комуникации на Папуа Нова Гвинеја, Сем Базил.

Властите на оваа држава се загрижени за влијанието кое го имаат друштвените мрежи врз нивние граѓани. Дополнително, оваа држава е загрижена за тоа дали Facebook воопшто има позитивно влијание врз нивните граѓани. Државата размислува да креира друштвена мрежа која ќе му биде конкуренција на Facebook. Секако ова ќе биде многу тешко да профункционира.

Папуа Нова Гвинеја на друштвената мрежа гледа како многу поголема закана отколку самите протекувања на податоците. Едно од прашањата кои треба да добијкат одговор е какво е влијанието на продуктивноста, што е со непроверените реклами и поширока опасност за сајбер безбедноста.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии