Збогум бел MacBook лаптоп

Белиот MacBook, икона на лаптопите на Apple му дојде времето тотално да престане да се продава. Сега ценовната улога на лаптоп од 999 долари ја превзема MacBook Air, а белиот MacBook веќе некое време не се произведува, и само се продаваше на пазарот за школи и образовни институции. Со приближување до третата генерација на iPad уреди, и раширување на iTunes U апликацијата, се чини дека улогата која ја играше до сега белиот MacBook ќе биде заменета од постари и поефтини верзии на iPad.

Мелницата за гласини во меѓувреме си работи, и најновите шпекулации се вртат околу тоа дека формата на MacBook Pro ќе биде заменета со многу потенки лаптопи, поблиску до MacBook Air одколку сегашните Uni Body Pro лаптопи на Apple.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии