(Ова е оригинален текст на Викторија Николовска, ко-организатор на Startup Weekend Skopje. Реобјавен е со нејзина дозвола. Викторија е и ко-водител на #ИТН, подкастот на IT.mk и Радио МОФ)


Со големо финале заврши и петтиот Startup Weekend Skopje. Овој пат, бизнис комплексот CoSeed беше домаќин на повеќе од 60 учесници, кои со помош на 20 локални и интернационални ментори ги развиваа своите стартап идеи. По петти пат Startup Weekend Skopje беше место каде што се спојуваат млади креативни ентузијасти, дизајнери, програмери, економисти, маркетери, со една заедничка цел, да креираат своја стартап компанија за 54 часа.

Во петокот беа презентирани 21 идеја, од кои по гласањето се формираа 12 тима. Саботата беше резервирана за менторските сесии и подетално развивање на идеите. Тимовите добија совети околу маркетинг стратегија, креирање бизнис план, дизајнирање на апликации, но имаше време и за запознавање, одмор и заедничко дружење. Во неделата се работеше на последните подготовки за презентациите, дефинирање на идеите и најважниот дел финалето. Тимовите ги презентираа своите идеи пред 5-членото жири, а ова се најуспешните од нив:

Третото место го освоија mono.mk, онлајн сервис кој ќе ви помогне да го решите парадоксот на изборот и ќе ви понудат еден продукт дневно по многу достапна цена. Совршена опција за неодлучни луѓе.

DSC_0480

Второто место им припадна на Slapp, апликација која на интересен начин ќе ви помогне да ја победите прокрастинацијата. Tие беа еден од тимовите кои ни презентираа и демо верзија.

12240381_1262930640399931_5961902460794631365_o

На #swskopje во мај го освоија второто место со апликацијата NowPark.me, а овој пат првото место отиде во рацете на NCS, тим кои сакаат преку апликацијата VoiTEx да им помогнат на глувите и лицата со оштетен слух да воспостават телефонски повик.

12244314_1262930877066574_2687386488072356279_o

За најдобра презентација беше прогласен тимот Legend Squad, односно најмладиот тим чија идеја беше да направат Mindcraft сервер. Мораме да напоменеме дека овој тим беше едноставно awesome!

DSC_0444

StudieBuddies преку онлајн социјална платформа го решаваат проблемот со кој се соочуваат студентите кои не студираат во својот роден град и има за цел да ги поврзе оние кои имаат заеднички интерес, да учат заедно или пак да споделуваат материјали. WeLearn со апликацијата Буфко сакаат на младите деца од пред школска возраст да им овозможат забава и учење преку игри со кои можат да ја подобрат својата меморија. BusHelp имаат за цел да го решат проблемот со јавниот транспорт во Скопје. Идејата на FreshFridge е секогаш да имаме достапна здрава храна, а тоа ќе го решат преку достава до секој дом. ConDoma го решаваат проблемот што го имаат луѓето на каса кога купуваат производи кои им предизвикуваат срам и преку онлајн сервис овозможуваа дискретна достава до посакувана локација во брендиран пакет по избор. Идејата на StudentNinja е едукативна платформа која ги поврзува учениците, професорите и родителите и овозможува интерактивно учење. Тимот 1000 работеа на веб страна која ќе овозможува групно принтање. И за крај EBLApp, платформа каде што ќе може да го најдеш кредитот кој ти е потребен со пополнување на онлајн формулар што ќе проверува какви услуги нудат банките, со цел да можеме полесно да ја избереме онаа која најмногу ни одговара.

Со успешното завршување на Startup Weekend Skopje уште еднаш се покажа дека во Македонија има многу креативни и вредни, млади луѓе, со квалитетни идеи кои можат да прераснат во успешни бизниси. Искуството со кое се збогатија учесниците на овој настан ќе им помогне при идните предизвици, а контактите кои ги стекнаа ќе им бидат од огромно значење при реализацијата на нивните идеи.

Уште еднаш би сакале да се заблагодариме на сите кои ја поддржаа македонската стартап заедница преку нашиот настан: Холандската амбасада во Македонија, UNDP MK, МКхост и Seavus; GSIX, SEDC и Скопска Пивара; Brainster, South Central Ventures, Girls in Tech, Silicon Drinkabout, EESTEC LC Skopje, IAESTE Macedonia, AIESEC, BEST Skopje, Startup Academy, Startup Grind, Ладна, Ред Бул, Нескафе, Виталиа и Хотел Сонце; it.mk, brkajrabota.mk, smartportal.mk, itnastani.mk, marketing365.mk, popularno.mk, Startup Selfie. Галеријата со слики од настанот можете да ја видите на фан страната на Facebook, а твитовите што одеа за време на настанот ќе ги најдете на твитер под хаштагот #swskopje.

Следете нè и очекувајте го наредниот настан во 2016.

12038848_1262289553797373_288701310111050563_o

1 коментар на “Заврши уште еден Startup Weekend Skopje

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии