{mosimage}Денеска во Скопје ќе се оддржи завршната конференција за проектот "Е-училиште" организиран од Владата на Македонија од американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД). Проектот "Е-училиште" е вреден над осум милиони долари и како своја цел има да го подобрува квалитетот на наставата и да овозможува користење на ИКТ од страна на наставниците и учениците во една заедничка виртуелна средина.
Како дел од постигнатите резултати се вбројува првиот образовен веб портал во Македнија – www.schools.edu.mk кој во Септември 2007 година беше предаден на МОН.
Други резултати на проектот се:
– Обучување на наставниците во средните училиште преку обуката "Интеграција на наставната програма и технологија"
– Адаптација на софтвер наречен "ToolKid" кој се користи за учениците од прво до четврто одделение
– Преку 60% од обучени наставници од основните училишта кои веќе ги аплицираат алтернативните и иновативните наставни методи
Проектот беше спроведен од Министерството за образование и наука на РМ, како и Бирото за развој на образованието во сите основни и средни училишта ширум Македонија и при проектот се имплементирани над 6,000 компјутерски системи и 460 сервери кои се донирани од Кинеската амбасада.
Проектот започна на 1 Август, 2003 година.
На денешната конференција се очекува да се обратат американската амбасадорка Џилијан Милановиќ како и премиерот Никола Груевски.