Заврши бумот на мобилните апликации

Најголемиот број корисници на паметни телефони во САД престанаа да инсталираат нови апликации. Уште од 2014 година е забележано дека 65,5 отсто од корисниците не преземаат ниту една нова апликација месечно, иако ова немаше влијание на најголемите креатори на апликации. Но, последниве месеци топ 15-те апликации забележаа пад во преземањето од 20 отсто, во споредба со минатата година, јави Recode.

global-app-downloads

Бројките покажуваат дека бумот на апликации заврши, иако надвор од САД, во остатокот на светот е поинаква ситуација бидејќи има пораст. Иако само 3 отсто, што е прилично незначително. Snapchat и Uber се единствените апликации кои имаат поголем пораст од 100 отсто. Дел од популарните апликации, на пример Facebook или Facebook Messenger намалувањето на превземања и не ги погодува со оглед на тоа дека имаат 1,65 милијарди корисници.

Анализата на преземањата на апликации ја направи SensorTower.

nomura-app-downloads-rates

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии