Затворска казна ако користите биткоини во Македонија?

Плаќањето и тргувањето со биткоин во Македонија покрај заработка може да ви донесе не само парични казни туку и затворска казна од пет години.

„Работење со биткоини во нашата држава ќе се санкционира. Биткоини во основа е шпекулативна валута, што го чини инвестирањето во нив крајно ризично. Во Република Македонија легално средство за плаќање е денарот и секое плаќање во друга валута потпаѓа под законската регулатива. Користењето на bitcoin е во спротивно со Законот за платен промет и Законот за девизно работење“, велат извори од Народна банка на Република Македонија за Вечер.

За сите кои вршат трансакции со крипто-валутата, засега без промена на законот, покрај затворска казна се предвидени и парични казни во денарска против-вредност од 7.000 до 10.000 евра, за трговец поединец или правно лице. Ова на почетокот на годината го најави и гувернерот Богов, во моментите кога вредноста на биткоините вртоглаво растеше на берзите, критикувајќи ја крипто-валутата како контраверзна и со ризик.

(Google има и конвертор на дигитална валута)

За разлика од Македонија, дел од земјите во регионот веќе ја профаќаат крипто-валутата, така Словенија има една од најголемите берзи за тргување со биткоин, во Србија и покрај проблемите со слична законска регулатива веќе има ресторани кои ја прифаќаат биткоини и има банкоматв. Покрај ова тука се и универзитети кој дозволуваат плаќање на школарини; Expedia дозволува букирање на хотели; најпознатиот сервис за трансакции PayPal гo додаде биткоини во своето портомоне и се разбира дека прифаќањето на биткоини не застанува само на овие примери.

Неодамна во Македонија се одржи првиот биткоин настан на кој Андреј Шевченко – биткоин ентузијаст, Митко Цабевски од Ambio.me и Александар Тасев od Акота, ги презентираа предностите на дигиталната валута. Можеби гувернерот и Народната банка би требало да ги прегледаат предностите кои ги носат дигиталните валути, наместо само негативните страни и да пронајдат начин за регулација отколку за забрана. За разлика од Македонија дел од останатите држави веќе се обидуваат да пронајдат начин за регулирање на дигиталните валути за кои е се поизвесно дека ќе останат присутни на пазарот без разлика дали дел од државите ги прифаќаат или не.

[youtube]EA0LkCkvUeU[/youtube]

10 коментари на “Затворска казна ако користите биткоини во Македонија?

  1. Ауу каква неписменост има во овие коментариве и овој пост….. Пред да почнете да објавувате глупости и да оставите народов македонски да се губи со коментари, седнете и прочитајте што е фиксен девизен курс.

    1. Верувам дека повеќе ќе го цениме твојот коментар ако придонесеш кон дискусијата, место да ни кажуваш колку сме „неписмени“, иако неписменост нема никаква врска со познавање на теми… Еве шанса за објаснување, не оставај празен и навредлив коментар…

  2. ПС. Инаку јас подржувам забрана за тргување со Биткоини, во смисла плаќање за добра и услуги зошто така некои би избегнале плаќање даноци, сакал неќиш данок мораш да платиш и мислам дека сите овие изјави на МНБ (со голем број забуни за тоа што е бтц) се во врска со тоа, а тоа ти дали копаш, разменуваш не е опфатено со ова.

  3. Епа како шо разбирам забрането е да се тргува со Биткоин во што влегува купување/продавање на добра и услуги и размена на Биткоин во македонски денар, епа сега постои дупка во ова, што ако разменам биткоин за евра? Размена на странска валута за друга "странска" валута спаѓа ли под јуриздикција на македонските власти? Теоретски со ова би било дозволено дури и некоја компанија банкомат за Биткоин да стави се додека тој би менувал Биткоин во Евра/Долари/Франци и обратно. (Се разбира зборувам закон толкуван објетквино а не од битанги вмровски).

  4. Значи да разјасниме, закон за BTC нема има за девизи.
    Секој смее да си тргува на берзи да си копа, но несмее да плати во продавница со BTC.
    Тоа е разбирливо исто како што не смее да се плати со евра.
    Нема потреба да се вртат зборовите за да се направи топ сторија од ништо.
    Ако се вадат пари од банка, задолжително ги советувам сите да си платат данок на парите што ги вадат и мислам дека не би имало никакков проблем.
    Со самото продавање на BTC и повлекување на пари се внесува странски капитал во земјата и се плаќа данок, со што се полни државната каса.
    Не е разбирливо да се оди во затвор за полнење на државната каса. :)

  5. Може ли некој да копира извадок од законот и да го објави јавно?
    Јас веќе 4 дена барам и во законот на РМ не најдов никаде да се спомне Bitcoin.
    Освен новинарски приказни не најдов ништо повеќе за овој "закон"

    1. Истиот закон е, bitcoin е во ист кош со евра, долари и слични странски валути. Парламент/влада мора да одобри плаќање со странска валута за да биде легално.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии