Затвореници си направија компјутер и го поврзаа на интернет

Пет затвореници од затворот во Охајо, составија два компјутери, ги скрија во плафонот, и ги поврзаа на затворската мрежа. Деловите за компјутерите, затворениците ги собрале од затворската наставата за електроника и компјутери. Деловите се од компјутери кои требале да бидат расклопени и рециклирани. Наместо тоа, тие дел по дел креираале сопствени компјутери.

Компјутерите функционирале околу четири месеци пред да бидат откриени. Најверојатно затворениците и денес би можеле да го користат пристапот до интернет доколку не претерале со употребата. Тие користеле профил на еден од чуварите на затворот. ИТ одделот на затворот ги открил, бидејќи профилот коj го користеле се логирал и во деновите во кои чуварот не е на работа.

Од затворот, двајцата затвореници уште неколку пати го прекршиле законот. Извршиле измама со кредитни картички и кражба на идентитет, јави Ars Technica. На хард-дисковите на компјутерите се пронајдени: порнографија, Windows proxy сервер, VPN, VOIP, антивирус, Tor-прелистувач, спам алатки и алатка за анализа на податочни пакети.

Петмината затвореници се прераспределени во различни затвори. Властите во Охајо ја потврдија веста и изјавија дека преземаат дополнителни чекори за поголема безбедност.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии