Застрашувачко пробивање на компјутер преку USB трае само неколку секунди

Кусо претставување на можностите за напад преку USB се доволни да посакате да ги пополните USB-портите на компјутерот со цемент, вели Gizmodo. Станува збор за видео кое прикажува како врз OS X може да биде преземена контрола за неколку секунди. Целиот процес е краток и едноставен, штом USB-то се приклучи во портата се идентификува како комјутерско глувче и тастатура, започнува да отвора терминали, ги менува мрежните нагодувања, инсталира „backdoor“, а потоа затвора се и прави комјутерот да изгледа недопрено.

Сепак ова се случува доколку корисникот го остави својот Mac отклучен, а за дел од опциите се потребни повеќе од команди од тастатура и глувче. Доколку корисникот е пред компјутерот ќе го забележи чудното однесување, но доколку не знае за што точно станува збор, изгледа неверојатно дека ќе препознае дека станува збор за напад, уште повеќе бидејќи за неколку секунди се си продолжува „нормално“.

Презентацијата е на OS X, но со едноставно прилагодување може да се користи и за напади на Windows и Linux.

[youtube]aSLEq7-hlmo[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии