Заспијте и разбудете се правилно со Sleep Cycle

Доколку внимателно ги следевте нашите статии за ефикасно работење, би требало соодветно да сте наоружани за исполнување на секојдневните обврски и рутини. Она што сега ни останува е правилно да се адаптираме и за најважното нешто – сонот.

Како што несомнено сте забележале, кога не сте правилно наспиени, немате ниту енергија ниту пак волја, а со самото тоа, продуктивноста пропаѓа паралелно со вашето расположение. Sleep Cycle не прави чуда, но е паметен аларм кој се труди да ве разбуди во најдоброто можно време.

microphone

Апликацијата го надгледува и анализира вашето спиење благодарејќи на микрофон, односно чувствителен акцелометар и „знае“ во која фаза на сонот сте. Првата прилика кога се наоѓате во лесната фаза на сонот, а е блиску до предвиденото време на станување, алармот полека ве буди и ви дава време додатно да се расоните.

sleepcycle_irregular_sleep

За секоја ноќ добивате детална статистика и графикони кои прикажуваат каков сон сте имале, кога длабоко, а кога лесно сонувате. Sleep Cycle се одликува и со 15 внимателно избрани мелодии за будење и содржителни можности за додатно прилагодување.

Апликацијата може да ја преземете за вашиот iOS или Android уред по цена од 1 долар.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments