Заштитните маски за Ковид-19 го спречуваат препознавањето на ликови

Додека, лекарите, епидемиолозите и останати медицински и одговорни лица се надеваат дека сите ќе носат маски, Националната агенција за безбедност на САД стравува дека маските ќе го оневозможат препознавањето на ликови.

„Нашата проценка е дека насилните екстремисти и другите криминалци кои и во минатото сакаа да го избегнат препознавањето на ликови ќе ги искористат мерките за јавна безбедност за да ја нарушат ефикасноста на препознавање на ликовите на јавни места“, вели документот од Националната агенција за безбедност кој го сподели Intercept.

Пандемијата полека, но сигурно ги тера и најголемите скептици да ги стават своите маски, а ова е огромен проблем за безбедносните агенции кои користат препознавање на ликови. Технологијата за препознавање ликови е далеку од совршена, а со маските кои прекриваат најголем дел од лицето технологијата е неупотреблива.

Препознавањето на ликови го користат повеќе агенции во САД, од Националната агенција за безбедност, до Центарот за контра-разузнавање и Службата за царина и заштита на границите. Агенциите сега стравуваат дека криминалците ќе ја користат пандемијата да го скријат ликот.

Со следење на мерките за безбедност секако ќе биде отежнато препознавањето со технологија, но безбедноста од епидемијата, барем во моментов би морало да биде на прво место

За пандемијата на коронавирусот COVID-19

Ажурирано на 25/03/2020

Што е коронавирусот COVID-19?

COVID-19 (коронавирусна болест 2019) е нова заразна вирусна дишна болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2. Името го добива по „боцките“ на неговата површина кои изгледаат како круна (корона). Коронавирусите можат да заразат и животни и луѓе и да предизвикаат симптоми што се движат од лесна настинка до тешка, животно загрозувачка пневмонија.

Колку е заразен вирусот?

Вирусот е екстремно заразен и се пренесува многу лесно од човек на човек, особено во затворени површини. Се пренесува по капличен пат - во мали капки кои ги прави заразениот човек кога дише, зборува, кашла или кива.

Каде е проширен вирусот?

Почнувајќи од првата епидемија во Кина, од декември 2019 до денес вирусот е проширен во над 140 земји, има заразено најмалку 462.000 луѓе и предизвикано над 20.800 смртни случаи. Според Светската здравствена организација се работи за пандемија. Моментално Европа и САД се соочуваат со нагол пораст на новозаболени. Вирусот е присутен и во Македонија од 26 февруари 2020.

Кои се симптомите?

За да се појават симптомите потребни се 2 до 14 дена. Најчести симптоми се покачена температура, сува кашлица, замор и потешкотии при дишењето. Најголемиот број заболени (околу 80%) имаат благи симптоми кои наликуваат на грип или лоша настинка. Некои луѓе воопшто не развиваат симптоми, но може да ја пренесат болеста на други.

Како да се заштитам себеси и другите?

Добар совет во време на пандемија е да се однесуваме како сите, па и самите да сме заразени. Ова значи, минимизирање на контактот со други луѓе и држење на дистанца од 1 до 2 метри, поретко излегување од дома, често и долго (до 20 секунди) миење на рацете и избегнување на допирање на лицето.

Каде да се информирам повеќе?

Во време на пандемија, а воедно и на лажни вести и clickbait тактики, бидете внимателни од каде конзумирате вести. IT.mk ви препорачува да ги следите официјалните сајтови и проверени извори на информации:

- Официјална веб-страна на Министерството за здравство
- Официјална веб-страна на Владата на РСМ
- Неофицијална страна поддржана од Министерството за здравство
- често ажурирана страница за моменталната состојба на пандемијата. За секоја земја има и посебна статија.

Прочитај повеќе

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии