Заштитете го вашиот телефон со Avast Anti-Theft или Applock

Со оглед на високата финансиска, пренослива и чувствителна вредност, техничките помагала како лаптопи, таблети и телефони се првото нешто што ситните крадци го забележуваат. Претходно, ве известивме како да пробате да ја пронајдете вашата направа, како лаптоп, со бесплатниот софтвер Prey или пак Find My Device услугата која е достапна за сите Windows 10 направи. Но, има уште неколку слични безбедносни алатки кои се наметнуваат како неопходни за вашиот телефон, односно таблет. Една од нив е и бесплатната Avast Anti-Theft.

Avast Anti-Theft ви дозволува да поставите PIN за заклучување и да овозможите одредени акции кога некој ќе проба да го пробие пинот преку експериментирање и погрешни обиди. Додатно, алатката ја дознава моментната локација на направата преку GPS, а можете и да пробате далечински да ја заклучите направата, да ја избришете, да го сликате крадецот, па дури и да снимате аудио фајл. Сево ова, потоа, дискретно и без знаење на крадецот се поставува на вашиот Google Drive акаунт.

Апликацијата Applock ни доаѓа од подеднакво познатите IObit. Една од најновите функции за апликацијата се вика Face Lock, а ви дозволува да заклучите одредени апликации зад слика од вас. Гледајте на ова како на еден вид селфи лозинка. Ако некој друг проба да ви го чепка телефонот, апликацијата ќе зграпчи селфи и веднаш ќе ви го прати на вашата и-мејл адреса.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии