Заштитете ги вашите податоци со Paragon Backup & Recovery Free

Расипан Хард диск или рансомвер. Независно од причините, никој не сака да изгуби драгоцени податоци кои со години и години биле собирани и постојат само во дигиталната форма. Но, кога се работи за катастрофи, нашите желби паѓаат на глуви уши. И кога нешто не може да се контролира, потребно е во џебот да има план Б, В, и Г. Следнава алатка, ја елиминира потребата за имање повеќе од еден план.

Paragon Backup & Recovery е бесплатна форма на добро-познатиот Hard Disk Manager од истата компанија. Нека не ве загрижува тоа што Free е дел од името. Алатката нуди одлични можности за целосно или селективно правење бекап, за кога ќе се случи несаканото, лесно можете да ги повратите изгубените податоци.

Со алатките кои ги имате на располагање можете да одбележите за бекап индивидуални фајлови и фолдери или, доколку сметате дека сè е важно, можете да направите целосна копија на вашиот компјутер, односно на сите партиции. Она што исклучително нѝ се допаѓа е тоа што можете да одбележите да се направи бекап само на одредени типови на фајлови, што е одлично доколку сакате да ги сочувате само сликите кои се во .jpg форматот. Дополнително, лесно можете да наместите автоматски бекап само на работи кои се имаат променето во последно време. За поздрав е и тоа што може да се намести да не се прави бекап на големи фајлови, како видео материјали. Ова, нормално, доколку сакате.

Направениот бекап можете да го сместите на екстерни дискови, CD, DVD или Blu-ray, како и на одредени локации преку поврзаната мрежа. Paragon Backup & Recovery Free ви дава целосна слобода во поглед на тоа кога, како и колку често сакате да се покренува автоматски бекап, како и дали да се зачувува бекапот на повеќе од една дестинација, нешто што знае да биде корисно доколку фајловите на една дестинација станат корумпирани.

Најновата верзија на Paragon Backup & Recovery Free Free не само што го има разубавено изгледот и се фали со модерен кориснички интерфејс, туку и воведува поддршка за покомплексни операции, како правење бекап само на фајлови кои се имаат променето од последниот пат кога сте ги користеле. Користењето на бесплатната верзија е само за еден компјутер. За повеќе, потребно е да ги разгледате можностите на напредната, платежна верзија.

1 коментар на “Заштитете ги вашите податоци со Paragon Backup & Recovery Free

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии