Заштитете ги вашите податоци со AES Protect

AES Protect е мала, но исклучително моќна софтверска апликација за шифрирање на вашите податоци. Оваа пренослива алатката ви е потребна доколку сакате да ги заштитите вашите лични фајлови од љубопитните лица така што ќе им навлечете силна AES енкрипција.

AES Protect всушност крие три програми во скромниот пакет од 32KB. AES Protect шифрира поединечни фајлови, AES Metal нуди понапредни опции, а AES Command се одликува и со алатка за внесување команди. За стандардно, брзо и едноставни шифрирање, односно штитење податоци, ви ја препорачуваме првата опција. Со AES Protect изберете го фајлот кој сакате да го шифрирате, внесете име и фолдер за да се зачува безбедносната верзија, а потоа внесете лозинка во два наврати. По кликнување на копчето Start, документот ќе биде шифриран и ќе може да се отвори само доколку се знае претходно-внесената лозинка. За да го отклучите таквиот фајл, потребно е да го изберете истиот, да одите со опцијата Decrypt и да ја внесете лозинката.

AES Protect е компатибилен со оперативните системи на Microsoft, почнувајќи со Windows XP и завршувајќи со Windows 10. За детални упатства и објаснувања околу работата со сите три програми, кликнете тука

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии