Заштитете ги вашите драгоцени фајлови со FileNurse

Во случај да имате приватни дигитални работи за кои би сакале и понатаму да продолжат да бидат приватни ви препорачуваме да ја проверите новата безбедносна алатка FileNurse.

FileNurse e бесплатен софтвер кој ви дозволува да заштитите фолдери со лозинка, да шифрирате фајлови, па дури и да криете индивидуални фолдери и партиции. Алатката е крајно едноставна за користење и бара од вас само да ја изберете саканата опција од левата страна на импозантната лента.

FileNurse е исклучително мал програм, но крие огромна моќ. Не само што ви дозволува штитење на вашите чувствителни податоци туку и ви дозволува да повратите изгубени или избришани податоци од хард дискот на вашиот компјутер, од USB драјвови, или мемориски картички. За таквото нешто, кликнете на копчето Open File Recovery Tool на горната страна од прозорецот на програмот и алатката за враќање податоци ќе се отвори во нов прозорец.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии