Заштитете ги податоците со USB Condom

Дали често празната батеријата на вашиот телефон мора да ја полните на небезбедни компјутери или јавни полначи? Во овој случај можеби најдобро ќе биде да размислите на вашиот USB кабел да му ставите “USB Condom”. Колку и да звучи тоа чудно, зборуваме за реален производ… :)

USB Condom е приклучок кој е произведен од Int3.cc, девелопери кои уредот го издаваат под мотото: „ако веќе мора да го приклучите телефонот во непознати USB порти направете го тоа безбедно“.

Приклучокот кој се додава на USB каблите и го изолира пинот за податоци (data pin) на кабелот, а со ова целосно ја прекинува комуникацијата на паметниот уред преку USB приклучокот. Единствени активни пинови остануваат половите преку кои се полни телефонот, а корисниците се безбедни од „juice jacking“ напади.

USB Condom овозможува безбедност кога го приклучувате телефонот на:

  • Го полните телефонот на компјутер во чија безбедност не сте потполно сигурни,
  • Јавни полначи кои може да бидат искористени од страна на злонамерни хакери за напад на приклучените телефони.

Компанијата која го произведува Int3.cc објави дека првата серија на приклучоци е распродадена, втората е најавена по 16 септември.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии