Заштита против ransomware со AppCheck AR

Ransomware и понатаму продолжува да биде еден од најмалициозните форми на malware. Со оваа техника, хакерите можат да ги шифрираат сите ваши лични податоци и да ви бараа пари доколку сакате податоците да ви бидат отклучени. Во поголемиот случај, плаќањето не вродува позитивни резултати и лицето зад ransomware-от најчесто зема пари без да ви ја прати лозинката за отклучувањето.  Поради сево ова, често се препорачува да правите чести бекапи на вашите лични податоци, дали на облак, дали на USB. Еден друг, дополнителен слој заштита е да инсталирате AppCheck Anti-Ransomware.

AppCheck Anti-Ransomware е осмислен да ве заштити од ваквите закани тако што работи во реално време, паралелно со други софтверски решенија за anti-malware. Во моментот кога ќе инсталирате AppCheck AR, алатката дискретно и во позадина започнува со будно надгледување на сите можни сценарија кои би дозволиле провлекување на ransomware. По желба, можете да го исклучите надгледувањето во реално време, како и да наметнете дополнителна MBR (Master Boot Record) заштита. 

Бесплатната верзија брани од скоро 1000 различни форми на ransomware така што применува Context Awareness алгоритми за надгледување на системот, а лесно може да врати оштетени фајлови или да избрише фајлови кои биле создадени од самиот ransomware. Апликацијата се испорачува и со корисен чистач кој става крај и на други непожелни програми кои не мора да се ransomware, но припаѓаат на дефиницијата за adware, односно spyware. Со дозвола, чистачот отстранува и привремени фајлови и ја оптимизира работата на дисковите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии