Заштедете со користење на бесплатните алтернативи на познатиот софтвер

Можеби најдобро би било да започнам со бројки за тоа колку би чинел целиот лиценциран софтвер и колкава би била казната доколку го користите нелегално. Сигурно и вие не сакате да размислувате за овие црни сценарија и давање пари, па затоа прочитајте ги алтернативите кои ви стојат на располагање и зачувајте ги парите што планирате да ги потрошите за лиценца за Windows, MS Office, Adobe Dremweaver и Photoshop, и некој рандом анти-вирус.

Оперативен систем – Ubuntu како замена на Windows, OS X

Ubuntu GNU/Linux дистрибуција и е одлична алтернатива за Windows. Ubuntu 12.10 е одлично дизајниран и има сè што му е потребно на еден почетник, а исто така може да се користи и во компаниите. Со тоа ќе заштедите доволно пари кои инаку би ги потрошиле на лиценца за Windows.

Бесплатен е и со отворен код, и вреди да му дадете шанса. Ќе откриете нешто ново и сигурно ќе научите нешто повеќе за можностите што ги нуди GNU/Linux. Исто така, доколку наидете на некои проблеми при користењето, можете слободно да се обратите кај момците и девојките од Хаклаб КИКА и Слободен софтвер Македонија кои се секогаш расположени да ви помогнат.

LibreOffice – беплатна алтернатива за Microsoft Office

LibreOffice има скоро ист дизајн како Microsoft Office, или поточно повеќе е сличен на верзијата 2003, отколку на новите од Office пакетот. LibreOffice ги содржи сите апликации кои ги има и Office пакетот на Microsoft. Writer е замена за Word, Calc за Excel, Impress за PowerPoint, а другите ќе оставиме самите да ги откриете.

LibreOffice користи свој формат за датотеките – ODF (Open Document Format), но ги поддржува и останатите формати кои се достапни и преку пакетот на Microsoft – DOC, DOCX, XLS, XLSX, PPT, PPTX и низа други формати кои не се поддржува од Microsoft. Исто таа, поддржува и зачувување на документот во PDF формат, а достапен е и на македонски јазик.

[youtube]mc845_FuONY[/youtube]

GIMP – замена на Photoshop

Далеку од тоа дека GIMP(GNU Image Manipulation Program) е подобар од Photoshop, но е добра алтернатива за уредувач на фотографии. GIMP е слободен софтвер кој нуди многу можности и извршување на комплексни обработки, но недостаток му е слабото управување со бои, CMYK и слично.

[youtube]8LmW5ndnEqw[/youtube]

Notepad++ – замена за Dreamweaver

Notepad++ е бесплатен уредувач на кодови кој е достапен и на македонски јазик. Единствена негативна страна на овој уредувач е што е достапен само на Windows. Notepad++ поддржува повеќе јазици, повеќе јазичиња (уредување на повеќе датотеки одеднаш) и сите останати функции кои ги нуди еден уредувач на кодови.

Можеби дел од овие софтвери им се непознати на поголемиот број корисници кои израснаа и се навикнаа со пиратираните Microsoft и Adobe програми, но сепак се неопходни да се знаат и да ги испробат можностите што ги нудат овие бесплатни алтернативи, сигурно ќе заштедат многу.

5 коментари на “Заштедете со користење на бесплатните алтернативи на познатиот софтвер

  1. Expression Web 4 е бесплатна замена за Dreamweaver а не Notepad++.
    Повеќе од достојна замена за Adobe Ilustrator е Expression Design 4(… за Windows) или Inkscape за останатите оперативни системи.
    http://www.microsoft.com/expression/

    П.С. Да се надеваме дека Microsoft ке објави уште некоја верзија на Expression Web и Design.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии