„Заработете и заштедете“ е прва македонска видеоигра за финансиско едуцирање

„Заработете и заштедете“ е видеоигра изработена од Маријан Зиновски. Г. Зиновски е студент на Факултетот за информатички и комуникациски технологии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Целта на играта е да придонесе кон повисоко ниво на финансиска писменост кај децата и младите. Играта е избрана на конкурсот за изработка на едукативна игра којшто НБРМ го распиша во февруари годинава. Освен забава играчите ќе може да се запознаат со некои основни поими во финансиското работење. Секако нема премногу поими, но играта е наменета за најмладите, па нема ниту потреба да се оптоварува со ова.

„Не знам од каде идејата. Имаше конкурс за едукативна игра во која ќе има финансиски поими. Јас сакам игри со возење и само такви игри играм“, вели Маријан.

Играта е изработена во Unity, а за дополнително програмирање Маријан користеше C#.

Во текот на играњето играчот е во улога на таксист и превезува патници од една на друга локација. Вака заработува одредена сума пари која ја добива на платежна картичка. Потоа овие средства може да ги повлече од банкомат или да ги орочи во банка. Парите се користат за купување на автомобил, но и за плаќање на гориво. На почеток на секое ниво играта ќе ви одземе пари за гориво, но и ќе ви пресмета 3% камата на парите орочени во банка.

Сите заинтересирани може да ја преземат десктоп или Android играта од сајтот на НБРМ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии